Лимаро – Каросерија

Во склоп на сервисно-продажниот центар Deluxe Auto Kumanovo функционира Сервисот за каросерија и боење со вкупна работна површина од 700 м2 кој ги исполнува високо пропишаните стандарди на Skoda/Volkswagen/Seat. Најновиот CAR-O-LINER Q-42 се користи за прецизна поправка и прилагодување на возилото по поголеми деформитети на каросеријата. Комплетна оригинална апартаура за извлекување и заварување на челик и алуминиум , IRT уред за сушење на деловите за поправка овозможуваат високо кавлитетна поправка на возилото.

Две преткомори BLOWTHERM за подготовка при процес на боење каде што се овозможени беспрекорни услови и хигиена како за смата поправка на возилата, така и за заштита на здравјето на вработените. Бојадисувањето се врши во комора специјално дизајнирана а боењето е со еколошки бои на водена база од палетата на светски познатите брендови STANDOX, кои ги задоволуваат високите стандарди на Европска унија како и на групацијата Skoda/Volkswagen/Seat. истиот бренд на боја се користи и при првото фабричко бојадисување на возилото. Користењето на овие бои допринесува до беспрекорен квалитет, заштита на природата како и заштита на здравјето на вработените и на околината.