Општи поправки

Стручните лица во Сервисно-продажниот центар Ви стојат на располагање секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, подготвени целосно да ги задоволат Вашите барања на високо професионално ниво според стандардите на Skoda/Volkswagen/Seat.

Задоволство ни е да споменеме дека нашиот персонал постојано се надградува и усоовршува посетувајќи обуки за работа со возила од гамата на Skoda/Volkswagen/Seat во склоп на професонално организираните курсеви од специјално обучени тренери во Skoda/Volkswagen/Seat.

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Секојдневните новитети во автомобилската индустрија и нивното унапредување во поглед на техничко-технолошки усовршувања и изуми, сами по себе наметнуваат потреба од користење на специјален алат како и најсовремени електонски дијагностички уреди за сервисирање на истите. Со користење на лиценцирани портали и програми од Volkswagen/Skoda/Seat, персоналот е во чекор со иновациите.

Сервисниот центар со 10 работни позиции т.е дигалки е опремен со специјален алат на VW како и два дијагностички тестери за комплетна електроника на возилото VAS 6150 B и VAS 5051A.