Делукс Ауто Куманово е овластен дистрибутер на возилата од гамата на SKODA, VOLKSWAGEN, VOLKSWAGEN комерцијални возила и SEAT. Како дел од дистрибутерската мрежа на ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА, ДЕЛУКС АУТО започнува со работа на 27.09.2007 год кога се занимава со трговија на возила исклучиво од гамата на SKODA. По енормниот успех постигнат за кратко време, ДЕЛУКС АУТО наскоро започнува и со продажба на возилата од гамата на VOLKSWAGEN.

          Како резултат на успешната работа и желба за целокупно задоволство на клиентите во поглед на купување и сервисирање на нивните возила, точно по две горини од неговиот старт,на 24.09.2009 год во употреба е пуштен новиот Сервисно-продажен центар ДЕЛУКС АУТО изграден според современите норми и стандарди на SKODA, кој важи за една од најубавите и најфункционалните центри во Куманово. Благодарение на успешната работа и задоволство на клиентите што се опслужуваат се појави потреба од зголемен работен простот. Резлутат е новиот VW/SEAT Сервисно-Продажен центар на Делукс Ауто изграден според најновиот концепт на VOLKSWAGEN каде што покрај трговија на возилата од гамата на VW и SEAT, се врши и сервисирање и каросериски поправки на возилата.